Diary

My Photo
Name:
Location: Prilep, North Macedonia

Thursday, March 13, 2008

Todesfuge



Фуга на смртта
Црното млеко на зората го пиеме навечер
го пиеме наручек и наутро го пиеме ноќе
го пиеме и пиеме
копаме гроб во воздухот каде не е тесно
Еден човек живее во куќа игра со змии
и пишува кога ќе се затемни за Германија твојата златна коса Маргарете
пишува и излегува надвор каде ѕвездите сјаат ги повикува своите кучиња
ги повикува своите Евреи да копаат гроб во земјата
ни наредува да играме и пееме во танцот

Црно млеко на зората те пиеме ноќе
те пиеме наутро и наручек те пиеме навечер
те пиеме и пиеме
Еден човек живее во куќа игра со змии
и пишува кога ќе се затемни за Германија твојата златна коса Маргарете
твојата пепелава коса Зуламит копаме гроб во воздухот каде не е тесно
ја забодува оваа земја се подлабоко каде други пејат и играат
посегнува по прачката во каишот и замавнува очите му се сини
ја забодува лопатата подлабоко каде други играат во танцот

Црно млеко на зората те пиеме ноќе
те пиеме наручек и наутро те пиеме навечер
те пиеме и пиеме
Еден човек живее во куќа твојата златна коса Маргарете
твојата пепелава коса Зуламит игра со змии
извикува играј ја слатката смрт Смртта е господар на Германија
извикува потемно трзај ги жиците така ко чад ќе се кренеш со небото
тогаш ќе имаш гроб во облаците каде не е тесно

Црно млеко на зората те пиеме ноќе
те пиеме наручек Смртта е господар на Германија
те пиеме навечер и наутро те пиеме и пиеме
смртта е господар на Германија очите и се сини
те гаѓа со оловна кугла те гаѓа прецизно
Еден човек живее во куќа твојата златна коса Маргарете
ги повикува своите кучиња на нас ни копа гроб во воздухот
игра со змии и сонува дека Смртта е господар на Германија
твојата златна коса Маргарете
твојата пепелава коса Зуламит

Paul Celan
Guernica

Labels: