Words
Тимон.
Зошто природата, од човековата нељубезност болна, сепак е гладна! Општа мајко, дај му на оној што сите синови човечки го мрази, од твоите гради издиши, само еден мал корен! Исуши ја утробата плодна и родна, повеќе да не раѓа неблагодарни луѓе. Затрудни од тигри, змејови, волци и мечки, нови монструми раѓај, кои горното твое лико на мермерниот свод над себе никогаш не ги покажал. О, корен; фала, мила! Што е ова овде? Злато? Жолто, болскотно, скапоцено злато? Не, богови, не сум дал јас туку-така завет. Корења, небеси чисти! А ова од црното бело ќе стори, од грдото, лично, од грешното, право, од подлото, благородно, од старото, младо, од кукавичкото, смело. Ха, богови! Зошто ова? Чуму, богови? Ова ќе стори белата лепра да се слави, арамиите ќе ги крене, титули ќе им даде, почест и место во Сенатот да седат. Ова има моќи папсаната вдовица да ја омажи уште еднаш; на која, болните и чиросаните уште веднаш би повратиле, но сега ова и иде ко мелем, и дава свежина во априлски ден. Проклет праву, заедничка курво на човештвото, што кавги правиш меѓу ордите народ, во вистински цели те употребувам. Ха? Барабан? Ама си итро, но сепак ќе те закопам. Ќе трчаш, крадецу спажен, кога костоболните чувари твои не ќе можат да стојат. Не, ова за тебе ќе го чувам.
Worse
Labels: Inspiration
0 Comments:
Post a Comment
<< Home