My Photo
Name:
Location: Prilep, North Macedonia

Thursday, January 25, 2007

Divinity

Чистата мудрост е вечна. Ангелот на смислата лета во возвишението на земскиот свет. Животот е мисла, идеа произлезена како прототип на совршенството. Додека фениксот лета во оваа непостојана сфера, гревот на смртниците е мерлив, телесен или мисловен, во визија што можеме да ја оствариме.
Чистата радост е земска, ја мерат самите луѓе, кои во животот искусиле малку. Светлината на чувството повозвишено од радоста му припаѓа на небесното царство. Толку нежна, лирска чувствителност ги раздразнува сите сетила до толку слатка болка, но ретко кој има среќа неа да ја почувствува. Онаа, вистинската љубов, се сеќава како опсесија на душата и телото, како чудесната убавина на канцоната ноќва. Чекорејќи кон совршенството, стегнати во кругот како вечни грешници во своите стихови, надежта не тера да продолжиме кон вистината, кон светлината и небото. Најнежниот глас ќе не следи низ темните дрвја, низ огнените ѕидови и сантите мраз. По божествените скали, кон верата, кон магијата!
Кога мудроста без видливи траги ќе се претвоти во безредие и жарот за туѓиот трендафил ќе се разгори со вечен пламен, се бара начин да се изгаси. Таа бесктајна енергија да се преточи во балада, во класика. Волшебно, како да ја слушаме Месечевата Соната. Мистичноста на темнината ни одговара на најчудните прашања. Боговите не ни изгледаат толку возвишени. Ветерот не дува толку силно, стивнува, го остава пламенот да се разбуди, или сам да згасне во неповрат. "Прошка ли бараш од мене? Да ти простам за твојот живот? За твојата чест? За твојата надеж, вера, мудрост? Тоа ли е твојот грев, или љубовта твоја платонска?"
Во ѕвездите ли запишано беше да се поделат луѓето? И секој цел живот другата половина да си ја бара. Зар кентаурите да ги прочитаат соѕвездијата треба? Марс е многу сјаен вечерва.
"...Бевме богови, се симнавме долу, да си играме луѓе, да си играме смрт. Се заигравме, се заборавивме, се изгубивме... станавме друго. А оставивме ангели, некаде горе. Да има некој да не чува и пази. Да рече, доста е! Доста играње, може да боли. Луѓето си играат, луѓето умираат.
Те нема и ништо не е исто. Без тебе, ништо нема да се врати. Врати се, ме боли колку те нема. Врати се, земи ме и мене. На крилја и ветер однеси ме назад. Некаде горе, да си играме богови, да си играме љубов. Да заборавиме, дека се изгубивме..."

Woman

Labels:

0 Comments:

Post a Comment

<< Home