My Photo
Name:
Location: Prilep, North Macedonia

Sunday, July 16, 2006

Fear

Она од што се плашев најмногу почнува да вирее во мојата душа. Морам да го спречам, не смеам да дозволам да стане вистина, да стане дел од мене, да се претвори во мене самата. Мислев дека сум доволно вешта да си играм со оган, мислев дека можам да го контролирам неприкосновено. Не почувствував кога огнот навлезе во мене и почна да ме променува, да ме скротува... Станав друго, нешто што не сум, нешто што не сакам да бидам. Ме ужаснува самата помисла дека се променив, дека ме променија. Дека она што бев, што за мене беше прифатливо, исчезна. Сега овде стои друга личност, стои мирно зајче што некогаш беше див волк... за многумина крвожеден, нескротлив, недостижен...
Морам да ставам крај на оваа фарса. Во очите на останатите сега сум вљубената девојка од соседството. Во своите очи не гледам ништо освен моментна страст за нешто минливо, нешто што расте секој пат, нешто од кое смртно се плашам. Ми треба лад, ми треба воздух... сето ова безизлезно ме гуши.
Vampire

0 Comments:

Post a Comment

<< Home